ПР менаџерката на Диор – уникатна помеѓу женствениот и андрогениот стил

29 јуни 2022

Веќе 11 години, парижанката Матилда Фавиер е на челната позиција на секторот за Односи со јавност во Диор.

Тоа подразбира живот на релација модна писта, црвен килим, ателје, медиуми, вработени, светски ѕвезди, модни агенции, мода, мода и уште многу мода.

Но, со оглед на тоа дека целиот нејзин живот е на ТИ со модниот свет, уште од детските денови, таа е ветеран кој со ништо не може да биде изненаден во оваа брза, креативно хаотична и исклучително предизвикувачка индустрија.

Дипломиран економист, со дебело портфолио како уредник во Femina Hebdo и Glamor, и 11-годишно искуство во Прада, Матилда од прва рака го искусила модниот свет кога имала само 14 години во Шанел, благодарение на нејзиниот вујко Жил Дуфур кој работел за Карл Лагерфелд.

Постепено низ годините го градела своето професионално портфолио, но и личен имиџ кој денеска е дотолку зрел што може да си дозволи спонтана игра со сите форми на модата. Како што ќе каже и самата, нејзината релација со модниот свет е помалку детинеста и помалку женствена.

Но, во секој случај уникатна, помеѓу андрогениот и женствениот стил.

Со кратка плава коса, со изострено и природно вродено сетило за шик, со плакар во кој ќе наидете и на најпознатите и на сè уште анонимните модни дизајнери, Матилда е самоуверена деловна жена која не заборавила на хуморот и колку е тој неопходен за здравиот дух во еден забрзан и понекогаш безмилосен свет, како што е модниот.

И се разбира, Марија Грација Кјури е една од нејзините омилени дизајнерки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mathildefavier

Објавено:
29 јуни 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.316 пати
Тагови: 
Диор ПР менаџер