Преку забава и игра до модно шоу на Инстаграм: Запознајте се со мини модната инфлуенсерка „Прилепското чупе“

28 февруари 2022

Секое дете заслужува да биде среќно и да ужива во единствениот период од животот кој би требало да биде безгрижен, слободен за игра, смеење и спознавање. Токму оваа порака ја праќа популарниот Инстаграм профил @marija_kerpicoska, зад кој стои Зорица Керпичоска, мајка на малото и преслатко девојче Марија од Прилеп, која веќе стана препознатлива под прекарот „Прилепското чупе".

А среќа за мама и за двегодишната Марија е секојдневно креирање мало модно шоу на Инстаграм, активност која им го исполнува денот и преку симпатични фотографии ја пренесуваат до следбениците на социјалните мрежи.

Со секојдневни забавни и модни содржини, малата модна инфлуенсерка го задржува вниманието на Инстаграм и веќе има своја фан база од над 8.000 следбеници.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

Трендот на инфлуенсерството во светот што ја опфаќа и најмладата категорија, тема за која мислењата се поделени За и Против, не нѐ одминува ниту нас, а профилот на @marija_kerpicoska е еден креативен и персонализиран приказ како ние тоа го доживуваме.

Од она што ни го откри мама, дознавме дека Марија е темпераментно детенце кое ужива да се дружи, да слуша гласна музика и да се слика.

И оттука започнува нивната почеста дружба со фотоапаратот и прекрасните фотографии кои на крај имаме можност да ги видиме на Инстаграм профилот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

Всушност, целата идеја е да се меморираат сите оние убави моменти кои повеќе не се враќаат, а дополнително тие тоа го прават зачинето со многу мода, размислување околу стајлинзите, амбиентот во кој ќе се слика и целата приказна, за на крај да се добие совршената фотографија.

„Не секогаш фотографијата изгледа онака како што замислила мама, сепак со малку труд и многу љубов на крајот добиваме прекрасна фотографија и овековечуваме среќни моменти", ни откри Зорица.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

Како Марија ужива во својот детски свет на модата, погледнете и низ фотографиите во продолжение.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@marija_kerpicoska)

Објавено:
28 февруари 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.771 пати