Queen's Gambit: Сите зборуваат за актерката со специфична убавина

16 ноември 2020

Сигурни сме дека дури и да не сте почнале да ја гледате, деновиве сте слушнале за серијата „Queen's Gambit“, во продукција на „Нетфликс“. Се работи за екранизација на истоимениот роман на Волтер Тевис, кој побуди голем интерес кај публиката.

За тоа во голема мера придонесува и актерката во главната улога Ања Тејлор Џој. Нејзиниот специфичен лик и убавина, како и фризурата - боб со шишки во портокалова, односно црвенкасти тонови, ќе ве нетераат бргу да ја запомните.

Секако, ова не е нејзина прва улога, но е прва за која толку интензивно се зборува. Инаку, неодамна се одржа премиерата на филмот „Emma“, каде исто така ја толкува главната улога и тоа како блондинка, а досега сме ја гледале и во остварувањата „The Witch, Glass, Marrowbone, Peaky Blinders“.

За специфичната убавина може да им заблагодари на корените. Имено, Ања е родена во 1996 година во Мајами. Нејзината мајка има шпанско-англиски корени и се занимава со фотографија, татко ѝ пак има аргентински и шкотски корени и е банкар по професија.

Уште од дете зборува течно шпански, а кога имала осум години, семејството се сели во Лондон. Почнала да се занимава со балет, кој подоцна го заменила со моделинг. 

Но, потоа на ред доаѓа глумата и оваа страст засега уште ја држи. Претходните искуства само ѝ помагаат во совладвувањето на улогите.

Иако во серијата има кратка коса, која стана исто така мошне популарна и копирана, сепак во приватниот живот најчесто може да се види со долга коса и тоа како бринета. Како модел соработувала со голем број дизајнери и модни куќи, а красела и неколку насловни страни на познати магазини.

Од нејзините досегашни појавувања на црвениот килим, може да се рече дека е модно храбра. Ретко кога може да се види во класични еднобојни комбинации. Принтовите, фустани со различни должини, впечатливи дезени, тоа е она што сака да го носи. Во контекст на впечатливоста, оди и тоа дека знае да изненади и со барокни комбинации и воочливи додатоци за коса. 

Во секој случај, интересна појава, која има одлична моќ за трансформација и ќе биде интересно да се види во кој правец ќе се движи нејзината и професионална и модна приказна.

Во продолжение ви презентираме неколку одлични модни комбинации од оваа дама од новата генерација актери кои се на добар пат да бидат успешни и популарни:

 

Објавено:
16 ноември 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
699 пати