Педесет и тригодишната Рената Јазѕик со потекло од Полска и адреса во Њукасл, веќе неколку години стои зад блогот Ven’s Wife Style каде секојдневно објавува фантастични комбинации кои досега биле објавени во бројни познати модни магазини.

Она што таа прво ќе го каже, а е и повеќе од очигледно е тоа дека годините не треба да бидат пречка за да изгледате убаво или пак за да експериментирате со стилот и трендовите.

„Блогот се роди како резултат на мојата љубов кон модата, но преку него сакам да им посочам на сите дека модата може да нѐ инспирира и фасцинира без разлика на нашата возраст“, вели Рената.

Додава и дека преку истиот сакала да покаже дека жените над 50 влегуваат во специфична фаза од животот која сѐ уште може да биде доста интересна.

„Многу е полесно некој да ме убеди да пробам некое одредено тренди парче доколку го видам истото на жена на моја возраст“, открива Рената.

Според фотографиите што таа ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил повеќе од очигледно е дека сака да експериментира со модата, секогаш изгледа шик и на интересен и уникатен начин ги комбинира најновите трендови.

„Мислам дека за да ја развиеме нашата свест за модата и стилот, мора да експериментираме со облеката и да го пронајдеме стилот што нѝ одговара и она што прави да се чувствуваме убаво“, додава таа.

Меѓу нејзините омилени парчиња со кои можеме да ја видиме најчесто се лежерните кошулки со точки, каубојските чизми, парчињата со животински принт, асиметричните блузички, фармерки со висок струк...

„Се надевам дека модниот свет ќе биде поотворен за нас постарите. Искрено верувам дека нема да исчезнеме штом остариме. Во текот на животот сме пробале многу различни трендови, па се чини дека имаме искуство и знаеме што нѝ стои добро. Можеме да го искористиме нашето искуство за да изгледаме фантастично.

Како што можеме и да забележиме, нејзините омилени трендови се Баленсијага, Жакемус, Барбери, Прада, Макс Мара, Селф Портрет и други, а секогаш совршено ги комбинира нивните парчиња како никој друг.

Погледнете го нејзиниот профил и уверете се дека годините не се граница да изгледате шик и да пробувате нови нешта.

Инфо:Fashion Magazine 24, Who What Wear, 

Фото: Instagram/ @venswifestyle 

Објавено:
30 јули 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.047 пати