Убавата Русинка Анастасија Шепелевич, ја освои интернет публиката со нејзиниот ненаметлив, а исклучително урбан стил базиран на едноставноста.
Таа е на став дека едноставните и базични парчиња, немаат допирна точка со досадниот и монотон стил, доколку умешно се комбинираат и надополнат со соодветни модни додатоци.
А и самата е пример за тоа.
Во нејзиниот имиџ најчесто користи ограничена палета на бои, претежно црно-бели парчиња или такви во земјени тонови, линиите се чисти и прецизни, што алудира на минималистичкиот стил, но со авангарден тон.
Интересно е како таа прави спој на женствената и андрогена естетика, за сето тоа во целина да изгледа уникатно.
Креативен директор е на мултибренд онлајн продавницата BatB Store, базирана во Санкт Петербург, а и самата е одличен промотор на истата, па најчесто нејзините комбинации вклучуваат парчиња од оваа онлајн продавница.
Фото: Инстаграм