Руска 40+ стилистка дава совети како едно парче да носиме во различни стајлинзи
•
25 октомври 2021
Ирина Поњакина e името на 48-годишната руска стилистка која на Инстаграм ја следат преку 100 илјади луѓе. Иако дипломиран психолог, страста ја пронапла во модата и ги поврзала нејзините две најголеми љубови.
За себе ќе рече дека е мајка, сопруга и едноставно среќна жена!
Нејзиниот профил ни го привлече вниманието бидејќи има носливи комбинации за сите возрасти, а посебно за, како вели, „дамите од генерацијата“.
Исто така, често покажува примери од тоа како едно парче може да се вклопи во повеќе стајлинзи и да го носите на различни начини.
Нејзините Инстаграм приказни се практични, колоритни и корисни, а неколку примери ви покажуваме во продолжение: