Sara Jo – атрактивниот стил на балканската поп дива на новата генерација

24 јули 2019

Со мега хитот „Mili, mili", (што и како песна и како спот нè навраќа на естетиката на 90-те години), поп сензацијата Sara Jo е главна атракција на актуелните балкански топ листи.

Веќе неколку години како 25 годишната Сара Јовановиќ (како што ѝ е оригиналното име и презиме) сериозно е посветена на профилирањето на нејзината музичка кариера, што ја однесе до оној стадиум каде што со право може да ја посочиме како една од водечките балкански поп ѕвезди на новата генерација пред која стои предизвикот – светска музичка сцена.

Родена во Рим, но со српски корени, Сара е олицетворение на содржината што ја бара глобалната поп култура, од изборот на песни до нејзиниот сценски имиџ.

А токму нејзиниот имиџ е тема на која би сакале да се задржиме, поради фактот што е неверојатно атрактивен, актуелен и дефиниција за тоа како се гради автентично присуство во шоу бизнисот кој е презаситен од едноличност.

Токму индивидуалното исчекорување од униформираноста на сцената, ја издвојува Sara Jo како миленичка на новата генерација.

Нејзиниот стил е еклектичен микс на урбана улична естетика, сексапил, актуелни тенденции и лично видување на модата, што се покажа до толку успешен спој, што таа е подеднакво инспиративна и во модна колку и во музичка смисла.

Уживајте во нејзиниот моден раскош...

Фото: Инстаграм @sarajoofficial

Објавено:
24 јули 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
582 пати
Тагови: 
Sara Jo