Серијата „Бриџертон“ не е ништо посебно, но не и главниот фраер

4 февруари 2021

„Нетфликс“ неодамна соопшти дека „Бриџертон“ е најгледаната серија во историјата на мрежата, барем за сега, гледана во преку 82 милиони домаќинства.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bridgerton (@bridgertonnetflix)

Оваа историска или ретро верзија на „Озборувачка“ нам не ни остави некој посебен впечаток. Екранизиран љубовен роман, со дискутабилен кастинг и импозантна костимографија, иако и за таа постојат коментари дека е проблематична во поглед на историските податоци.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bridgerton (@bridgertonnetflix)

Серија со фантастичен маркетинг и направена на стара слава на Шонда Рајмс, ќе биде одлична релаксација, ако токму тоа ви е потребно.

Но, за гледаноста од 82 милиони сигурни сме дека влијание има и главниот фраер во серијата - војводата Хастинг, односно актерот Реге Жан Пејџ.

Оваа серија му донесе неверојатна популарност, па веќе е меѓу главните фаворити да биде следниот агент Бонд.

Роден е 1990 година во Лондон. Неговата мајка е родум од Зимбабве, медицинска сестра, а татко му Англичанец, свештеник. Детството го поминува во Зимбабве, за него најубавата земја некогаш. Средното образование го започнува во Лондон, кога со брат му ќе бидат дел од бенд.

Во една пригода ќе рече дека неговото семејство е насекаде распространето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bridgerton (@bridgertonnetflix)

„Имам роднини во Јужна Африка, Австралија, Шведска, Флорида... Сепак, за мене Зимбабве е најубавото место на светот. Секој тоа го вели за својата држава, но објективно највистина е прекрасна. Луѓето таму се дарежливи и фини, што беше многу поразлично од тоа што се соочив подоцна - груби, студени луѓе, каде ако сакаш да преживееш мора да си силен“, ќе рече во една пригода. 

Со глумата започнува како хоби, кое се' повеќе ќе го обземе. Професионалните ангажмани ги започнува во „Националниот младенски театар“ и тогаш дефинитивно ќе го одреди својот пат.

После две години аплицирање, ќе го примат во „Драмскиот центар“ во Лондон, каде ќе дипломира во 2013 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bridgerton (@bridgertonnetflix)

Пред големиот пробив со „Бриџертон“, дел е од сериите „Waterloo Road“, каде глуми и неговата сегашна партнерка  Фиби Дајневор, „Roots“, „For The People“...

Но, во оваа тв-лимонада на Рајмс доаѓа до израз неговиот сексапил. Висок е 180 сантиметри и згоден, така што не требаше да чека многу за првите едиторијали и насловни страни.

Втората сезона на серијата е потврдена, а многумина од оние што ја гледале и првата велат дека токму актерот е главната причина поради која би продолжиле да ја гледаат.

Инаку, последниот филм што го сними е „Sylvie's Love“ каде ја толкува улогата на Чико, па ако сте фан, ете шанса да го видите во друг проект.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BrIdGeRtOn (@bridgertontv)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bridgerton (@bridgertonnetflix)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bridgerton (@bridgertonnetflix)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BrIdGeRtOn (@bridgertontv)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BrIdGeRtOn (@bridgertontv)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BrIdGeRtOn (@bridgertontv)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BrIdGeRtOn (@bridgertontv)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BrIdGeRtOn (@bridgertontv)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Regé-Jean Page (@regejean)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Regé-Jean Page (@regejean)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Regé-Jean Page Fans (@regepage)

 

Објавено:
4 февруари 2021
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.215 пати