Шик мама со две слатки ќерки – стилско трио популарно на Инстаграм

5 февруари 2019

Хана Страфорд Тејлор во модниот свет ја започна својата кариера како модел, но таа значително ги освои симпатиите на широката јавност откако стартуваше свој моден блог. Покрај беспрекорниот стил, она со што особено го привлече вниманието е тоа што многу често заедно со неа на фотографиите позираат и нејзините две преслатки ќерки Солеил и Винтер.

Ова супер стилско трио ни ја прикажува забавната страна на модата, како игра во која шаренилото, неформалниот пристап, но исторемено изострената естетика, создаваат свет меѓу мајката и двете ќерки, на кого никој не останува рамнодушен.

Честопати во стилизирањето на комбинациите, Хана внимава на тоа да постои некоја нишка која ќе ги поврзува нејзиниот, со аутфитите на двете девојчиња, независно дали тоа ќе бидат нијансите, принтовите, некој специфичен детаљ, ткаенините...

Во најмала рака, нивните фотографии се инспиративни, па може да послужат како идеја што вие и вшите најмили да комбинирате во некоја посебна прилика.

Фото: Инстаграм

Објавено:
5 февруари 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.806 пати