На само 27 години, оваа шармантна девојка може да се пофали со успешни кариери во две области. Ејми Сонг е првата дама на одличниот блог „Song of style“, но таа е и супер успешна како дизајнер за ентериери во кои речиси секој се вљубува.

Ејми започна со работа на нејзиниот блог уште во 2008 – та година, а денеска има повеќе од четири милиони месечни посети и бројни соработки со познати брендови.

Првично, таа го отворила нејзиниот блог со намера исклучиво да говори за нејзините достигнувања и идеи за архитектура, но откако случајно објавила една комбинација, работите тргнале во поинаков правец.

„Отсекогаш бев заинтересирана за внатрешен дизајн и мода. Почнав да студирам архитектура и работев во една компанија кога го почнав мојот блог. Првично сакав да пишувам и објавувам работи за архитектура, но откако добив многу позитивни реакции, се префрлив на објавување на модни комбинации. Секогаш се трудам да го објавувам она што мене ме опишува – забавни, стилски и интересни комбинации со видливи калифорниски корени“, вели Ејми. Како што самата ќе каже, работењето на двете кариери истовремено ѝ претставува проблем, бидејќи понекогаш губи многу можности и соработки со брендови за да може да работи на проектите како дизајнер. Но, она што секогаш ѝ помага да продолжи се коментарите што ги добива на нејзиниот блог, без разлика дали се добри или лоши.

„Тешко е да не ве погодат коментарите на другите луѓе за вас. Без разлика колку и да се трудам, понекогаш има и лоши коментари. Имам секција за коментари која што никогаш не ја едитирам, односно не бришам ниту еден коментар без разлика каков и да е. Секогаш ќе се трудам да се облекувам и да мислам онака како што јас сакам и сето тоа да го објавувам на блогот. Кога добив одобрување од баба ми за сѐ што правам, тогаш можам да продолжам по мојот пат. Таа е мојата најголема инспирација и првично не и се допадна мојата идеја за блогот, таа сѐ уште не го разбира концептот и мисли дека сум модел. Таа е многу ретро. Кога ме виде во едно корејско списание, беше многу горда на мене и го носеше секаде со себе за да ме покаже на нејзините пријателки“, раскажува Ејми.

Нејзиниот стил е нешто што мора да го следите, а сите инспиративни комбинации погледнете ги погоре во галеријата. 

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.786 пати