Српска блогерка која на трендовите им дава свој стилски правец
•
18 септември 2020
Таа е вистинска ѕвезда на Инстаграм од соседството.
Јелена Топаловиќ, српска модна блогерка со адреса во Белград, на оваа социјална мрежа ќе ја најдете зад профилот @jekacaaa, а таму ќе ве пречека моден дневник со сите актуелни модни тенденции.
Но, она што ја прави оваа модна блогерка интересна и впечатлива, е тоа што на актуелните трендови им дава свој стилски правец, а со тоа се издвојува и дефинира свое препознатливо присуство.
Умешно знае да го комбинира тоа што е актуелно со она што го карактеризира нејзиниот имиџ, а тоа секогаш подразбира храбар пристап кон боите и миксот на текстури и стилови, многу често со урбана-спортска завршница.
Одбравме неколку нејзини впечатливи изданија за да ви доловиме доза инспирација.