Веруваме дека и вие слично како и во нашиот случај, на прв поглед ќе се вљубите во оваа турска блогерка која е од оние дами кои без многу напор, изгледаат фантастично.

Турчинката Нур Билен Јавузер е прекрасна девојка која 13 години работела во полето на туризмот, но последните неколку години целосно се посветила на козметиката и денеска има компанија од која излегуваат исклучителни и неверојатно мирисни производи.

На нејзиниот Beauty Omelette блог ќе најдете супер практични совети од светот на модата, но и ќе можете онлајн да си набавите некои од производите на нејзината компанија со исто име.

На нејзиниот приватен профил пак, таа секојдневно објавува стилски стајлинзи кои иако навидум едноставни, секогаш зрачат со огромна количина на стил.

Нур преферира едноставни парчиња кои не секогаш ги следат трендовите, но без разлика, таа изгледа неверојатно елегантно и впечатливо.

Во речиси сите стајлинзи доминира минимализмот, па така комбинациите ѝ се составени од базични парчиња како џинс, бели кошули, лелеави фустани, црни мото чизми, бели патики, палта и женски костими.

Што се однесува до боите, во палетата што оваа девојка ја обожува влегуваат сите неутрални како бела, крем, сива, црна...

Ако овој викенд ви требаше малку инспирација за стилски комбинации, тогаш оваа прекрасна девојка треба да ви биде прва на листата...

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
18 октомври 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.571 пати