„Wool аnd Mama“: Мајка и ќерка заедно создадоа бренд за рачно изработени играчки

24 април 2020

„Wool and Mama" е босанска креативна етикета за рачнo изработени детски играчки, зад која стои тандем мајка и ќерка.

Детските играчки што ги изработуваат Берина и нејзината мајка Индира, ги чини посебни тоа што се изработуваат рачно, од природни материјали и носат насмеан лик на некое симпатично животно, што веројатно и вам, а несомнено и на децата, ќе ви измами насмевки.

Фото: @woolandmama

Се започнува од долгогодишното искуство на Индира како ракотворец, која со технката на плетење, користејќи волна или конец, создавала уникатни ракотворби.

Првата плетена играчка што ја направила е всушност столче во форма на овцичка и оттука почнува нивната претприемачка приказна која за брзо време ужива голема популарност.

Берина е одговорна за маркетингот и продажбата, додека Индира за креатвниот процес на изработка, па заедно создаваат супер успешен тандем кој ги радува децата.

Со оглед на тоа дека многу од пластичните играчки за деца содржат и штетни материи по нивното здравје, рачно изработените играчки од природни материјали покрај тоа што се забавни, истовремено се и безбедни.

Ѕирнете во нивниот забавен и шарен свет на детска игра...

Фото: Инстаграм, Фејсбук

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wool & Mama (@woolandmama) onApr 21, 2020 at 12:18am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wool & Mama (@woolandmama) onApr 17, 2020 at 5:20am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wool & Mama (@woolandmama) onApr 8, 2020 at 1:31pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wool & Mama (@woolandmama) onApr 2, 2020 at 12:45pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wool & Mama (@woolandmama) onMar 26, 2020 at 3:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wool & Mama (@woolandmama) onMar 18, 2020 at 6:26am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wool & Mama (@woolandmama) onFeb 27, 2020 at 3:38am PST

Објавено:
24 април 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
370 пати