За оние што обожаваат да читаат: Магични обележувачи за книги

6 април 2020

Љубителите на книгите во недостаток на соодветен обележувач на книги, ги виткаат страниците или ставаат разни предмети за да знаат до каде стасале со читањето.

„Шетајќи“ низ Инстаграм просторот го забележавме профилот @beautiful_m_jewelry, каде видовме магични обележувачи за книги.

Зад профилот стои 27-годишната Марија Ѓеровска од Дебар. По професија е дипломиран физиотерапевт, а мајка е и на две ќеркички, Антониа и Матеа, но покрај сето ова, ја негува и љубовта кон рачната изработка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onMar 20, 2020 at 9:52am PDT

Токму тоа била и причината што го започнува профилот најпрвин со накит и додатоци за коса, кои лично ги изработувала, за сега да се насочи кон овие магични обележувачни за книги.

-Пред една година започнав со разчна изработка на накит,  сакав да создавам парчиња што ќе одговараат на сечиј вкус и стил, па продолжив со парчиња за свечени пригоди, како и додатоци за коса, брошеви за невести... Отсекогаш сум била креативна и ме привлекувале работи кои рачно се изработуваат, ни објаснува Марија.

Вели, рачната креативна работа ја исполнува. Сепак, сакала да внесе нешто ново во нејзините изработки, па така почнува да работи со смола:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onApr 5, 2020 at 1:27am PDT

  -Процесот на изработка почнува кога веќе ја имам идејата и знам каков сакам да биде „bookmarker“-от, односно обележувачот на книги. Потоа ја подготвувам смолата и додатоците кои сама да ги вметнам во неа и секако силиконските калапи. По завршување на подготовката, се остава најмалку 24 часа да се исуши смолата. Лесно се работи со овој материјал, но сепак е специфична и мора сè да биде точно измерено - вели Ѓеровска.

Таа додава дека постои интерес за магичните обележувачи за читање.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onApr 4, 2020 at 1:37am PDT

 
-Токму во ова време кога сите се дома и „фрлени“ на читање книги, да постои интерес. Нека читањето биде позабавно и покреативно со овие обележувачи. Да се пробиеш на социјалните мрежи денес и да имаш следачи, не е така едноставно сепак. Но, одлично место е за промоција, каде можеш да споделиш и објавиш тоа што го изработуваш. Се надевам дека ова што го работам ќе допре до луѓето и ќе пројават уште поголем интерес во иднина - искрена е Марија.
 
Во продолжение погледнете уште некои од нејзините изработки:
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onApr 4, 2020 at 1:50am PDT

 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onApr 2, 2020 at 8:08am PDT

 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onApr 2, 2020 at 8:08am PDT

 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onApr 1, 2020 at 4:19am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onApr 1, 2020 at 4:17am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onMar 31, 2020 at 1:32am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onMar 30, 2020 at 4:53am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onMar 28, 2020 at 3:39am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onMar 20, 2020 at 6:26am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by beautiful M jewelry (@beautiful_m_jewelry) onMar 20, 2020 at 10:43am PDT

 

Објавено:
6 април 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.833 пати