Иако е сезона на годишни одмори, момците од Моделс Ин воопшто не одмараат бидејќи знаат дека добро обликуваното тело и здравиот фитнес изглед е пресуден за кариерата и ангажманот на модниот пазар.

Секоја професионална модна агенција преку летниот период прави листа на машки и женски модели кои би биле букирани во сезоната што следи.

Модната агенција Моделс ИН ја состави својата листа на машки модели за кои сметаат дека нивното време допрва доаѓа.

Покрај физичките перформанси, овие модели поседуваат и убавина и истите се неверојатно талентирани што е од големо значење за нивната професија.

Во продолжение, погледнете ја листата на згодни машки модели од агенцијата Моделс Ин чие време допрва доаѓа. 

1.Павле Николовски - Модел и вљубеник во фитнесот... Покрај неодоливите сини очи, поседува шарм и тело на вистински модел. Неговата посветеност и карактер ветуваат отворена карта кон светскиот моделинг. 

2.Дан Лимај – модел, програмер, посветен на вежбањето и здравиот изглед. Ова момче веќе има неколку едиторијали во неговото портфолио како и интернационално искуство, па повеќе од сигурни се сериозните ангажмани во сезоната што следи. 

3.Филип Наков – Фудбалер и модел со одлични пропорции... Дисциплината која ја стекнал низ годините со постојани тренинзи само му го надополнува карактерот и му помага во модниот бизнис. Во неговиот случај, прекрасната насмевка е онаа која ги отвора вратите. 

4.Бојан Илиевски – Професионален тренер по фитнес и модел... Совршениот изглед му донесе на Бојан и две награди за 2015 и 2016 година на натпреварот по фитнес познат како MEN'S PHYSIQUE. Неколку девојки – модели, можат да се пофалат со одлични резултати благодарение на Бојан и неговиот режим на вежбање. 

5.Мартин Змејковски – Модел и фудбалер... Неговиот карактеристичен изглед на „лошо момче“ ќе биде полн погодок за неговите ангажмани во следниот период. Кога ќе се вклопат добриот изглед, нагласената трансформација и спортскиот дух, добиваме одличен производ на машки модел.

Објавено:
15 јули 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
6.946 пати