Згодниот Христијан Стојаноски – Крис ја освои Индија

19 јуни 2019

Последен во низата успешни интернационални модели од модната агенција Моделс Ин е младиот Христијан Стојаноски – Крис кој за кратко време доживеа огромни успеси.

Од неговата матична агенција велат дека интернационалниот успех на Крис се случил многу брзо благодарение на кампањата за популарниот бренд Bitsiani која му ги отворила вратите во модната индустрија.

„Веднаш потоа Крис потпиша договор со Fox Models од Белград кои му помогнаа да успее на  странските модни пазари. Во моментов, Крис се наоѓа во Бангалор, Индија, но работеше и во многу други градови каде сликаше кампањи за познати светски брендови. Па така во неговото портфолио сега има каталози и кампањи за Tommy Hilfiger, Peter England, Nike, Adidas, Louis Philippe и други познати светски линии на облека. Неговиот договор со Sky Models е до јуни оваа година, по што ќе замине на летен одмор. По завршување на летото, тој ќе се подготвува за новата модна сезона што го очекува од септември“, вели неговиот матичен агент Алек Наумовски.

Од модната агенција Моделс Ин велат дека го очекува блескава интернационална кариера бидејќи поседува сè што треба да има еден успешен машки модел: пропорции, убавина, професионалност и дисциплина.

Објавено:
19 јуни 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
763 пати