Ријана ѝ ја одзеде на Кајли Џенер титулата за најмлада милијардерка

6 јули 2022

Со 34 години и нето богатство од 1,4 милијарди долари, Ријана е најмладата женa милијардер на листата на Форбс за 2022 година, со што ѝ ја одзеде тригодишната титула на Кајли Џенер, која беше на врвот на листата од 2019 година, за која се проценува дека денес има нето вредност од 600 милиони долари.

Фото: Getty

Според Форбс, Ријана - како косопственик на Fenty Beauty и носител на 30 отсто од акциите во нејзината линија за долна облека Savage x Fenty - е исто така првата жена милијардер на нејзиниот роден Барбадос, како и единствената жена под 40 години на овогодинешната листа.

Исто така, се проценува дека нејзината нето вредност наскоро може да се зголеми, земајќи предвид дека пејачката, која неодамна го дочека своето прво дете со A$AP Rocky, се очекува да се врати на создавање нова музика.

Фото: Getty

Покрај Ријана и 24-годишната Кајли Џенер, на листата на милијардерки во Америка, исто така се наоѓаат и Тејлор Свифт (570 милиони долари) и основачката на „Бамбл", Витни Волф Херд (740 милиони долари).

Објавено:
6 јули 2022
Категорија: 
Останати
Прочитано:
567 пати