Сабота во широк зелен капут и високи чизми
•
5 декември 2020
Доколку оваа сабота имате обврска да изелзете од дома, ние ќе ви предложиме како да внесете доза шарм во вашиот аутфит.
Впечатливо предимензионирано зелено палто е главниот акцент на овој изглед. Го комбинираме со бела плетена ролка и бели панталони, а аутфитот го заокружуваме со високи чизми во кафена нијанса.
Секогаш на ваква комбинација може да се додаде и некој интересен моден додаток како плетена капа или зимски шешир.