Среда во црна маичка и долго здолниште со точки
•
31 јули 2019
На средина на неделата и еден ден пред продолжениот викенд, се разбудивме со високи температури и вистинско лето во градот.
По тој повод, денеска носиме едноставна црна маичка со интересна прерамка на едно рамо и го комбинираме со едно од најубавите здолништа што сме ги виделе во последно време.
Основата на истото е во крем нијанса, а по површината има впечатливи црни кругови што го прави уште понеодоливо.
Стилската комбинација ја надополнуваме со рамни сандали со ремчиња и мини црна чантичка.
Имајте убав ден!