Добро утро. Нè чека уште еден исклучително топол ден, па затоа и нашиот денешен предлог е лесна летна комбинација.

Се работи за фустан на прераки во бела нијанса - соодветен избро кога сонцето грее силно.

Долниот дел од здолништето завршува во широк карнер со набор. Бели сандали и ремен во истата нијанса се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот. Ако сакате монохроматски изглед, додадете и бела чанта, а ако сакате да додадете боја, тогаш одберете чанта во некоја свежа нијанса.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
15 јули 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
586 пати