Четврток во бели панталони и зелена маичка на куси ракави
•
11 јули 2019
Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно време и пониски температури во кои ќе може да уживаме неколку дена.
Денеска носиме една стилска и разиграна комбинација составена од неколку шик парчиња кои се толку удобни што ќе посакате да ги носите секој ден.
Одбравме бели панталони со висок струк и должина до над глуждовите и ги комбинираме со едноставна широка маичка на куси ракави.
Целата комбинација украсете ја со сандали на висока потпетица во интензивна црвена боја и волуменозна чанта во крем нијанса.
Уживајте во денот и одличните температури!