Четврток во бело
•
2 јуни 2016
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во ова стилско бело фустанче со неверојатно слатки апликации. Истото е во прекрасна бела нијанса во која се чини ќе уживаме цело лето! Со оглед на топлото време, слободно комбинирајте го со овие шармантни еспадрили со сина тантела и чантичка во бела нијанса. Секако, не заборавајте ги и очилата за сонце и неодоливиот кармин во црвена нијанса.