Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски температури, па време е добро да се облечеме.

Денеска носиме шик фармерки и ги комбинираме со шармантна блузичка на пруги во комбинација со топло џемперче во крем нијанса.

Секако, одозгора комбинацијата надополнете ја со зимска јакна, а во истата вметнете и ниски чизми во крем нијанса и шапка во иста боја.

Уживајте во денот!

Фото: Instagram

Објавено:
29 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
822 пати