Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со малку облачно и посвежо време, па денеска без проблем облечете ја вашата омилена кошулка со долги ракави. Истата е со шик откриени рамена, а ја комбинираме со искинати фармерки како едни од омилените сезонава. Носиме стилски црни чевли на ниска потпетица со слатки ремчиња во предниот дел и златни детали. Комбинацијата надополнете ја со едно од најмодерните ланчиња ова лето, очила за сонце доколку ни се потребни и нежен кармин во nude нијанса. 

Објавено:
18 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
408 пати