Добро утро!

Денес се очекува дожд, па тоа нека биде поттик да внесете боја и свежина во тмурното и жешко попладне што се најавува.


За овој четврток предлагаме комбинација која вклучува удобен и памучен топ без ракави во јака боја, како црвената и сатенско нежно розово здолниште за дополнителна леснотија во движењето.

Комбинирајте ги овие две парчиња со удобни отворени сандали, чанта со уникатен дизајн и наочари за сонце со класични рамки за да му додадете уште еден слој на елеганција на целосниот изглед.

Имајте убав ден!

Објавено:
23 јуни 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
394 пати