Четврток во црвено
•
31 март 2016
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во шик комбинација составена од прекрасно црвено плетено фустанче комбинирано со слатки оксфорд чевлички. Додајте малку рок димензија на целата комбинација со оваа црна кожена јакничка и супер стилска чанта во црвено – црна боја. „Зачинете“ ја комбинацијата со црвен кармин и нежна шминка. Не заборавајте ги очилата за сонце и уживајте во прекрасниот ден!