Четврток во црвено-бела комбинација
•
31 декември 2020
Добро утро. Овој четврток е последниот ден од оваа тешка и непредвидлива 2020 година. Нашиот денешен предлог е една црвено-бела комбинација.
Облечете бели панталони и џемпер, а потоа додадете капут во црвена боја. Ако не располагате со токму вакви парчиња, одберете макар едно во црвена боја, за малку празнична нота во овој ден.
Ви посакуваме убав ден, убава цела наредна година, низ нашите текстови да се дружиме и следната година и да се инспирираме меѓусебе.