Добро утро. Уште еден топол ден пред нас и уште еден предлог за летен стајлинг.

Овој пат ве инспирираме со комплет составен од цветно широко здолниште на преклоп кое во струкот се врзува во панделка и топ со мали кратки ракави и корсет во горниот дел.

Дезенот и пастелната боја се совршена комбинација за лето. Можете да го комбинирате со мала чанта, плетена, сандали, балетанки, еспадрили - што и да ви е удобно и во склад со овие температури.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
5 август 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
341 пати