Претпоследниот ден од работната недела, односно ден пред продолжениот викенд дочекавме многу топло време со високи утрински температури, но тоа не значи дека не треба да се дотераме.

Денеска сме во елегантна, деловна комбинација составена од две култни парчиња – бела кошулка без ракави и едноставни црни панталони до глуждовите.

За комбинацијата да биде уште поелегантна, ѝ додадовме црни чевли на висока потпетица и волуменозна чанта совршена за на работа.

Црните очила за сонце и средената коса се сѐ што нѝ треба за денеска.

Уживајте во денот!

Објавено:
1 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
485 пати