Добро утро. Се надеваме дека сте во добро здравје и дека нè читате од своите домови. Вие што сепак морате да излезете од дома, ние имаме еден предлог.

Нашиот денешен предлог е тренди комбинација составена од фармерки и карирано дворедно долго палто. Тоа пак е во комбинација со класична сива кошула, а стајлингот е комплетиран со гумени чизми на висока потпетица, ремен и црна чанта.

Бидете совесни, одговорни и дисциплинирани. Седете дома и чувајте го здравјето, ваше и на останатите.

Објавено:
26 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
301 пати