Денешната комбинација одлучивме да биде поспортска и топла. Комбинираме темен џинс со топол џемпер-ролка во пастелна розова и бела комбинација.

На тоа додаваме тегетна јакна со крзно. Чантата е во иста нијанса со јакната, како и чизмите кои се на врзување и широка висока потпетица.

Иако го нема на фотографијата, земете си и шал, па обидете се макар малку да се заштитите од лошиот воздух.

Имајте убав ден!

Објавено:
14 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
745 пати