Добро утро. Надвор е прекрасен ден, но правилата се' уште се исти - да седиме дома и да издржиме уште, се надеваме, малку.

Сепак, за вас што денес се упатувате на работното место или пак ве чека пазарење или некоја итна обврска, имаме предлог комбинација, едноставна - но секогаш актуелна и ефектна.

Нашиот предлог се фармерки во комбинација со бела класична кошула. Но, она што ќе го направи стајлингот впечатлив, се модните додатоци.

Црвена марама со принт околу вратот, црвени балетанки и чанта во слични нијанси ќе ѝ дадат динамика на комбинацијата.

Дискретен накит и очила за сонце и стајлингот е заокружен.

Останете во добро здравје и имајте убав ден.

Објавено:
16 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
708 пати