Добро утро. Надвор е врнежливо и тмурно, па сакајќи да внесеме малку боја во сивилото, се одлучивме за предлог-комбинација во розови нијанси.

Фармерки во комбинација со кошула и џемпер се супер основа за намалените температури. Јакната пак и гумените чизми се во розова нијанса, исто како и чадорот и чантата.

Вие секако направете ваша комбинација и избор на бои, со кои ќе им пркосите на облаците.

Без оглед на времето надвор, бидете во добро здравје и расположение и имајте убав ден.

Објавено:
8 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
572 пати