Добро утро. Зимата конечно ни доаѓа, ако судиме по студот и ниските температури. Токму затоа и нашиот денешен предлог е една топла комбинација, која може да ви послужи како инспирација.

Облечете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со топол џемпер. На фоторгафијата овој е во црвено-бела комбинација, но вие усогласете ја според вашите можности.

Крзнените капути, односно teddy bear капутите се се' уште меѓу најактуелните, а на примерот е во црвена боја.

Чизми на потпетица и чанта се модните додатоци со кои е заокружен.

Ви посакуваме убав ден.

 

Објавено:
14 јануари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
389 пати