Добро утро! Нашиот денешен предлог е една полежерна, но сепак топла зимска комбинација.

Џинсот е секогаш добра опција, а во случајов е искомбиниран со црна плетена блуза (може да биде и џемпер ако сакате) и топол кариран капут во беж и црни нијанси.

Чизми до глужд и кафена чанта, како и дискретен накит и очила за сонце се модните додатоци со кои е оформен стајлингот.

Иако нема на фотографијата, можете да додадете волуменозен шал и капа.

Објавено:
16 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.385 пати