Четврток во џинс и кошула со панделка
•
24 септември 2020
Добро утро. Ден пред викенд, времето почна да се разведрува, доволно за и расположението да почне да се поправа, доколку сте од оние на кои облачноста им влијае.
Нашата денешна предлог-комбинација е составена од фармерки и транспарентна кошула во розова нијанса. Во горниот дел се врзува во панделка, со што стајлингот добива и женствена, елегантна нота.
Обувки во зелена нијанса, како контраст на розовата се совршен избор за да ја направат комбинацијата уште повпечатлива.
Вие направете ја вашата, а на сето ова додадете и јакна.
Ви посакуваме убав ден.