Веројатно секој од вас во плакарот има барем една плетена маичка на куси ракави која секогаш е проблем да се носи. Со оглед на тоа што е на куси ракави би требало да ја носиме во лето, но тогаш е многу топло, а во текот на зимските месеци многу студено.

Ова е совршеното време за овој вид маичка кога температурите се совршени. Денеска носиме токму таква, во сина нијанса и ја комбинираме со џинс во светла нијанса.

Комбинацијата надополнете ја со стилски сандали со животински принт и волуменозна чанта во крем нијанса.

Уживајте во денот и одличните температури што се најавени за денеска.

Објавено:
6 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
455 пати