Добро утро. Од лето, за една вечер се вративме во есен и навистина не е лесно да се излезе на крај со временската прогноза.

Сепак, во склад со денешните температури, за денес нашиот предлог е потопла, но и впечатлива комбинација.

Фармерките се секогаш добар избор, а сега се во комбинација со блузичка на риги, која има и широка ролка. На тоа е додадена јакна од велур во интензивна сина нијанса, што внесува динамика и впечатливост.

Рамни чевли во сребрена нијанса, црна чанта и очила за сонце се модните додатоци со кои комбинацијата е заокружена.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
261 пати