Добро утро. Се надеваме дека и утринава не' читате во добро расположение и здравје.

Нашиот денешен предлог за инспирација е една полежерна комбинација.

Облечете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со бела кошула и карирана блузичка. Ако немате карирана, тогаш заменете ја со некоја пастелна, нежна боја.

Изборот на обувки овде се чевли на висока потпетица, но со оглед дека уште е зима, заменете ги со чизми до глужд или високи чизми, а ако се во боја, тогаш уште подобро.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
3 март 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
386 пати