Добро утро. Се надеваме дека сонцето надвор ви придонесе за подобро расположение. Нашиот денешен предлог е една полежерна, но топла есенска комбинација.

Комбинацијата е составена од фармерки, кои во долниот дел се бели и ролка во интензивна сина нијанса. На тоа е додаден широк џемпер, односно кардиган во сива и црна нијанса.

Изборот на обувки се чевли во слична нијанса на ролката, исто како и чантата, но секако вие можете да ги замените со чизми кои можат да се сиви, црни, или пак некоја друга боја со која располагате.

Прилагодете ја комбинацијата на вашиот гардеробер и останете во добро расположение и уште поважно, здравје.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
19 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
455 пати