Добро утро. Се надеваме дека и утринава не' читате во добро здравје и расположение.

Нашиот денешен предлог е полежерна, но топла комбинација со оглед на тоа дека надвор е навистина студено.

Омилените фармерки искомбинирајте ги со топол џемпер-ролка, па на тоа додадете капут во боја, во случајов е во пастелно розова нијанса.

Изборот на обувки во примерот се патики, но вие секако можете да ги замените со чизми до глужд. А кога се модните додатоци во прашање, освен чантата додадете и капа или шал.

Ви посакуваме убав ден :)

Објавено:
17 декември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
587 пати