Добро утро. И денешниот ден го започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“, а овој пат предлогот е една лежерна комбинација која може да ви се најде во секојдневието.

Џинс со висок струк и широки ногавици во розова нијанса е во комбинација со бела блуза која во предниот дел има големи карнери.

Ако сакате да дадете елегантна нота на стајлингот, тогаш можете да се одлучите за чевли на потпетица, како во примерот. Во беж нијанса се, со што визуелно прави да изгледате уште повисоки.

Доколку сакате пак, полежерна варијанта, тогаш патики, еспадрили или мокасини можат да бидат вашиот избор.

Ви посакуваме убав ден!

 

Објавено:
10 септември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
645 пати