Добро утро. Овој четврток го боиме во сини нијанси. Нашиот предлог за инспирација утринава е комбинација составена од фамерки со ѕвонести ногавици и впечатлива кошула во сина нијанса со карнери.

Ако не сте љубител на ѕвонести ногавици, облечете ги омилените фармерки и искомбинирајте ги со парче што има карнери.

Мала чанта, ремен и чевли во боја (различна) се модните додатоци со кои комбинацијата е уште повпечатлива. Направете ваша комбинација според можностите и оставете впечаток.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
16 септември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
847 пати