Добро утро. Се надеваме во добро здравје сте и дека сонцето ви внесува позитивна енергија во домот. Секако, доколку немате итна потреба, не излегувајте, но можете да поуживате во убавото време пиејќи кафе на балконот или во дворот.

За оние што сепак мора да излезат или пак се на работа, нашиот денешен предлог се фармерки во комбинација со бела кошула со нагласени ракави. Она што ја прави нежна, а истовремено, уште повпечатлива е тпа што токму ракавите се транспарентни. 

Патики, балетнаки или чевли, направете го вашиот избор на обувки, земете си јакна сепак и чанта и завршете ги сите обврски.

Останатите, останете дома и читајте нè.

На сите ви посакуваме убав ден.

Објавено:
9 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
415 пати