СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Четврток во фустан на копчиња и кожни модни додатоци
•
14 јули 2022
Добро утро!
Денес бидете женствени и шик во едноставно парче облека на кое ќе му дадете нова димензија преку креативна игра со модните додатоци. Овој широк, но краток фустан-кошула на закопчување со долги ракови и едноставен принт во неутрални бои можете да го трансформирате во уникатно парче доколку го искомбинирате со очила за сонце, елегантен накит, кожна чанта, високи кожни чизми и кожен оби-ремен во кафена боја кој ќе ја истакне вашата половина.
Фото: Pinterest
Имајте убав четврток!