Добро утро. И овој четврток го започнуваме стандардно со нашата рубрика „Стајлинг на ден“, како инспирација за сите што мора да се на нивните работни места, но и за сите останати кога повторно ќе можеме да се вратиме на некое наше старо темпо на живот.
Нашиот денешен предлог е трендовско парче, фустан со принт на точки и карнери во делот на здолништето.
Овде фустанот е во комбинација со чизми, но вие можете да го искомбинирате и со чевли или балетанки, па дури и со патики ако сакате и умеете тоа да го носите.
Дискретен накит, очила за сонце и чанта и подготвени сте. Со оглед на трендовите, ова е одлична комбинација и за в лето, па ако не сега, сочувајте ја за некој месец :)
Секако, останете во добро здравје и сите вие што немате некоја итна потреба да излегувате, останете во своите домови и читајте не'.
Ви посакуваме убав ден :)