Добро утро. Сонцето денеска повторно ни се врати, па нè инспирираше предлог-комбинацијата да биде во сончева нијанса.

Фустан кој ја следи линијата на вашето тело, но има и доволно комоција да се чувствувате е нашиот денешен предлог. Со миди должината се нагласува елеганцијата, додека пак ременот кој се врзува во панделка има за цел да ја нагласи половината.

Минималистички, а сепак впечатливо, во што помага секако и изборот на боја. Додадете чевли и чанта и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

 

фото:pinterest.com; 

Објавено:
7 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
840 пати