Добро утро. Се надеваме дека сте во добро здравје и дека нè читате во добро расположение. Нашиот денешен предлог за стајлинг е фустан со винтиџ нота.

Здолништето е со фалти, струкот е посебно истакнат со ремен, а копчињата од страна дополнително го украсуваат. 

Со ракави со широки манжетни и ролка, ја истакнува женственоста на мистичен начин.

Инаку, со оглед на тоа дека струкот е спуштен, односно нагласен како што гледате на фотографијата, ваквиот модел не е многу погоден за оние што имаат издолжен труп, а пократки нозе, затоа уште повеќе ќе ја нагласи нескладноста.

Додадете модни додатоци според својот стил и уживајте во денот.

Објавено:
14 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
455 пати