Добро утро. Денешниов ден потсетува на вистински летен ден, па токму затоа и денешниот стајлинг е во тој манир.

Нашиот предлог е фустан со прав крој, кој во долниот дел има голем и асиметричен карнер. Џебовите од страна се додаток кој му дава урбана нота.

Во комбинација е со впечатлив ѓердан. Изборот на обувки направете го според вашиот сензибилитет и потреби, и секако пригода.

Може да изгледа одлично и со сандали, но и со патики. Балетанките се исто така одличен избор, како и еспадрили.

На сето ова додадете мала чанта и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден!

 

Објавено:
25 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.027 пати