Добро утро. На ова облачно време, ние одлучивме да ви претставиме предлог-комбинација во розова нијанса.

Секако, вашиот избор за стајлинг не мора да е во таа боја, но може да послужи како инспирација да внесете малку динамика во модните комбинации.

Фустанот е со прав крој, па истовремено ја следи линијата на телото, но и не е премногу тесен. Она што го прави впечатлив, покрај бојата и текстурата на материјалот се волузменозните ракави со набор, кои завршуваат во долги манжетни на кои има украсни копчиња.

Копчиња има и на работ во горниот дел, до ролката.

Овој наш предлог нека биде инспирација да се дотерате дури и да немате некоја посебна пригода. Ваков или сличен фустан, можете да го комбинирате со чизми до глужд и да додадете јакна или мантил.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
15 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
492 пати